Во Белград се одржаа регионалните фестивали ”Разоткривање„ и “GAME CON”

Од 5-8 декември 2019г., претставникот  на БЕРИН присуствуваше на двата можеби најзначајни фестивали за младите во регионот: 13 фестивал за наука ”РАЗОТКРИВАЊЕ” и 4-от фестивал за игри и поп култура ”GAME CON”.

Застапниците Ќосеска и Илиевски од БЕРИН на 87-иот Совет на Европскиот патентен институт

На 22 и 23 Ноември 2019 г. во Лисабон, Португалија се одржа 87-ми Совет на ЕПИ на кој учествуваа околу 150 од вкупно 12.500 европски патентни застапници, меѓу нив и Марија Ќосеска Илиевска – раководител на оделението за трговски марки и индустриски дизајн во БЕРИН и Богољуб Илиевски – раководител на оделението за патенти во БЕРИН, како двајца од вкупнио четворицата претставници од Македонија.

Претставник од „Берин“ присуствуваше на 4-та седница на Постојаното советодавно тело за квалитет при ЕПО

Советодавното тело при ЕПО ги претстави мислењата на експертската група во врска со квалитетот на процедурата за признавање на Европски патент која се води пред ЕПО

БЕРИН учествуваше на 18-тиот FICPI форум

Од 8-12 oктомври  2019г., во Виена (Австрија) се одржа најголемото годишно собирање на на FICPI (Internationale des Conseils en Propriété Intellectuelle) -Меѓународната федерација на застапници за интелектуална сопственост.

Три македонски пронајдоци претставувани од БЕРИН се здобија со медали на Меѓународната изложба ”TAIWAN INNOTECH EXPO 2019”

Македонски пронајдоци претставени од Агенцијата Берин на ”TAIWAN INNOTECH EXPO 2019”, освоија награди во конкуренција на повеќе од 600 изложувачи и 1500 пронајдоци.