USPTO ги ограничува активностите на странски застапници во предметите поврзани со интелектуалната сопственост

USPTO објавува ново правило за трговски марки, со кое се бара апликантите и регистрираните лица од дома и странство да имаат застапник кој е овластен за постапување пред Американскиот Патентен Завод. Барањето се однесува на […]

Учество на БЕРИН во публикацијата на Европскиот Патентен Завод (EPO) ”Присилно лиценцирање во Европа”

Во рамките на едукативната програма на Европскиот Патентен Завод (EPO) и Европската Патенкна Академија излезе публикацијата која ги претставува условите за присилно лиценцирање во сите законодавства кои се дел од Европската Патентна Организација. 

АГЕНЦИЈАТА “БЕРИН” НA “INTELLECTUAL PROPERTY SERVICE WORLD 2018” ВО МИНХЕН

Дипл. инж. Ванчо Дамјански, европски и македонски патентен застапник, извршен директор на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” и дипл. инж. Богољуб Илиевски, европски и македонски патентен застапник и шеф на Одделот за патенти, учествуваа на Европската конференција и на Саемот на услуги од областа на индустриската сопственост “IP SERVICE WORLD 2018”

ПРЕТСТАВНИЦИ НА “БЕРИН” НА 85. СОВЕТ НА ЕВРОПСКИТЕ ПАТЕНТНИ ЗАСТАПНИЦИ ВО ХЕЛСИНКИ

М-р Марија Ќосеска, диа, европски патентен застапник, амб. проф. д-р Ѓорѓи Филипов, европски патентен застапник и Лилјана Филипова, дипл. инж, европски патентен застапник учествуваа во работата на 85. Совет на европските патентни застапници, којшто се одржа во Хелсинки во периодот од 9-11 ноември 2018г.

УЧЕНИЧКИ – ИНОВАТОРКИ: ЕВГЕНИЈА И НАДА, ДОБИТНИЧКИ НА ГОДИШНИТЕ БЕРИНОВИ НАГРАДИ НА „МАКИНОВА” И „ЕКОНОВА”

Евгенија Дивитарова од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” од Битола за пронајдокот “CNC машина за гравирање со ласер” (МАКИНОВА) и Нада Бакаловска од ОСУ „Ацо Русковски”, од Берово за пронајдокот “Маст за изгореници” (ЕКОНОВА) се добитнички на традиционалните парични награди со дипломи (златени медаљи за младинско творештво), што ги доделува Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин”.

УСПЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ИЗЛОЖБА ЗА ПРОНАЈДОЦИ ”TAIWAN INNOTECH EXPO” ВО ТАЈПЕЈ

На една од најголемите изложби за пронајдоци и нови технологии во регионот на Источна Азија ”Taiwan INNO TECH ” која се одржа во Тајпеј од 27- 29 Септември 2018 г., Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН ги претстави дел од пронајдоците на нашите пронајдувачи кои се вклопуваа со темата на изложбата. 

ДИПЛОМАТСКИ ЛЕТОПИС

Во рамките на активностите на Дипломатскиот клуб Скопје, а по повод дваесет и пет години од зачленувањето на Република Македонија во Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС), проф. д-р Ѓорѓи Филипов даде свој осврт на оваа тема.