„ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТЕНТИ И БАЗИ НА ПОДАТОЦИ“- СЕМИНАР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА WIPO и ДЗИС

Двајца претставници од  БЕРИН, Богољуб Илиевски и Кристина Чачовска, учествуваа насеминaрот ”Информации за патенти и бази на податоци”во организација на Светската организација за интелектуална сопственост  (WIPO) и Државниот завод за индустриска сопственост, кој се одржа во хотел „Стоун Бриџ“ во Скопје на 3 декември 2019 г.

Презентации на темата имаа г-ѓа Силвија Трпковска од Секторот за транзиција и развиени земји на WIPO, г-дин Випин Сароха од Секторот за глобална инфраструктура на WIPO, како и експертот и советникот за патенти од Унгарија, г-динот Фаркас Сабол.

На семинарот, покрај претставници од националните заводи на Албанија, Србија, Црна Гора и Бугарија, учествуваа голем број на застапници на правата од индустриска сопственост, пронајдувачи како и претставници од државната управа кои се дел од целокупниот систем за заштита и спроведување на правата од интелектуална сопственост.

Помеѓу учесниците на Семинарот беа разменети искуства како и најдобрите практики при користење на патентните информации и базите на податоци.