ПЕТКОСКА, ДАМЈАНСКИ И ФИЛИПОВ ОД БЕРИН ВО ГРУПАТА АВТОРИ НА ДЕЛОТО: „РАЗЈАСНУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИОТ СЕРТИФИКАТ ЗА ЗАШТИТА НА ПАТЕНТИТЕ ВО ЕВРОПА“

Светски реномираниот издавач на литература од областа на интелектуалната сопственост Walters Kluver од Холандија издаде втора едиција на делото „Разјаснување на Дополнителниот Сертификат за Заштита на патентите во Европа“, чии главни уредници се европските патентни застапници Oswin Ridderbusch & Dr. Alexa von Uexkuell од Германија. Во делото подготвувано две години се застапени 46 автори од 36 земји, меѓу нив и тројца експерти од Берин (Ванчо Дамјански, Ирена Петкоска и Ѓорѓи Филипов). Книгата излезе од печат во август 2021, има 1028 страници, 34 глави и пет прилози, како и табела на судски случаи. Северна Македонија е сместена во Главата 25 од 647 до 661 страница.

КИНА ОБЈАВИ ПРЕОДНИ МЕРКИ ЗА РЕВИДИРАНИОТ ЗАКОН ЗА ПАТЕНТИ

На 25 мај 2021 година, Кинеската национална управа за интелектуална сопственост (ЦНУИС) издаде привремени мерки за обработка на сродни бизниси за испитување во врска со спроведувањето на ревидираниот закон за патенти. Бидејќи изменетиот закон за патенти стапи на сила на 1 јуни 2021 година, а правилата за имплементација сè уште се ревидираат, ЦНУИС ги издаде овие привремени мерки кои се ефективни од 1 јуни 2021 година. Привремените мерки опфаќаат рок за дизајн на патент, делумно испитување на дизајн, прилагодување на рокот на патент, продолжување на рокот на патент и други области. Привремените мерки не опфаќаат поврзаност со патенти.

90ти СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ИНСТИТУТ

На 8 мај 2021 година со видеоконференција се одржа 90—ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ), на кој присуствуваа вкупно 160 члена, меѓу кои и тројца претставници од МК: проф. д-р Ѓорѓи Филипов, дипл. инж. Богољуб Илиевски (како постојани членови и м-р Марија Ќосеска, дипл. инж, како супститивен член на Советот).  

За време на состанокот, членовите на Советот ја избраа новата генерална секретарка, г-ѓа Олга СИРАКОВА (БГ), на место на г. Корнелис Мулдер (НЛ), кој поднесе оставка во јануари 2021г.

26 АПРИЛ – ДЕН НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ. ДА ИМ ПОМАГАМЕ НА МАЛИТЕ БИЗНИСИ ДА НАПРЕДУВААТ!

Под индустриска сопственост се подразбира сопственоста над правата на патенти, трговски марки, индустрискиот дизајн и географските називи. Од слични причини, заради гарантирање на авторските права во различни држави  во 1886г. е склучена Бернската конвенција за заштита на книжевните и уметничките дела. Тука спаѓаат делата во областа на литературата, науката, делата на сликарите, изведувачите, фонограмите, емисиите… Делата кои спаѓаат во индустриска сопственост и авторските и сродните дела заеднички се нарекуваат интелектуална сопственост. 

СРБИЈА ГО МОДЕРНИЗИРА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ МАРКИ

Нов закон за трговските марки стапи на сила во Србија на 1 февруари 2020 година, воведувајќи важни промени со што дополнително го усогласува законодавството за трговски марки на земјата со соодветниот закон на Европската унија.

Дарен Танг ги презема функциите како Генерален Директор на СОИС (WIPO)

На 1 oктомври 2020 г. г-дин Дарен Танг,  официјално го започна својот шестгодишниот мандат на генерален директор на Светската Организација за Интелектуална Сопственост-СОИП (World Intellectual Property Organization – WIPO), со што го започна својот шестгодишниот мандат на чело на Организацијата.

Eвропскиот Патентен Завод на својот сајт го објави прирачникот за пронајдувачи

Имате одличен пронајдок, кој никој предходно не го смислил Европскиот Патентен Завод (European Patent Office) на својот интернет сајт epo.org ве упатува на следните чекори! Од воведот на прирачникот објавен на сајтот на Европскиот Патентен […]