Москва: Заврши одбележувањето на 60 години од основањето на Городиски и партнерс

Со учество на 42 застапници и експерти од 20 земји на 11 и 12 септември 2019г. во конференциската сала на „Городиски и партнерите“ (Gorodissky & Partners) беше одржан семинар на кој беа изнесени и дискутирани актуелни теми од областа на заштитата на интелектуалната сопственост и предизвиците со кои истата се соочува.

На семинарот компанијата БЕРИН беше претставена од страна на директорот Ванчо Дамјански. Свеченоста која беше одржана во Холот на Рускиот Историски Музеј пригодно се одбележа 60 годишнината на организаторот кој на овој начин го одбележа јубилејот 60 години од основањето.

Домаќинот е водечка компанија од оваа област со преку 400 вработени во 13 канцеларии низ Руската федерација и представништво во Украина.
Соработката меѓу „Городиски и партнерите“ и БЕРИН е подолга од 20 години и големо задоволство претствуваше што на свеченоста претставникот на БЕРИН беше почестен со пригоден подарок како признание за исклучителниот однос.