Учество на БЕРИН во публикацијата на Европскиот Патентен Завод (EPO) ”Присилно лиценцирање во Европа”

Во рамките на едукативната програма на Европскиот Патентен Завод (EPO) и Европската Патенкна Академија излезе публикацијата која ги претставува условите за присилно лиценцирање во сите законодавства кои се дел од Европската Патентна Организација. 

Колегата Богољуб Илиевски, заменик директот и раководител на одделот за патенти на БЕРИН, како претставник од Северна Македонија партиципираше во главата која се однесува на нашето законодавство.

Во определени случаи, националните органи може да дозволат освен сопственикот на патентот, првата да ги користат и други компании или физички лица без согласност на неговиот сопственик. “Присилно лиценцирање во Европа” обезбедува преглед на режимот на задолжително лиценцирање во сите 38 земји-членки на Европската патентна организација, вклучувајќи ги можните основи за издавање, предвидените постапки и судската пракса.

Особена чест и исклучителна професионална сатисфакција беше можноста да се соработува во креирање на оваа публикација издадена во склоп на Европската Патентна Академија која го претставува едукативниот дел на европската патентна организација.

Повеќе на следниот линк: https://www.epo.org/learning-events/materials/compulsory-licensing-in-europe.html