ПРЕДАВАЊЕ НА ПРОФ. Д-Р ЃОРГИ ФИЛИПОВ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА СААРЛАНД

На покана на „Еуропа институт” од „Универзитетот на Саарланд” во Саарбрикен,Германија, проф. д-р Ѓорѓи Филипов на 18 јули 2018 одржа предавање на тема „Патенти”. Предавањето беше вклопено во рамките на Летната школа „Европско конкурентско право & заштита на правата на интелектуална сопственост” (8-21 јули 2018), организирана за постдипломци и докторанти од земјите на Југоисточна Европа и Германија.

Во последниот број на магазинот на ЕПИ е објавен извештај на Богољуб Илиевски

Извештајот на Богољуб Илиевски од БЕРИН ДОО за годишната средба во Европскиот Патентен Завод – Партнерство за Квалитет (ЕПИ – ЕПО) објавен во тримесечниот информативен магазин на Европскиот Патентен Институт ќе може да го погледнете на следниот линк: https://information.patentepi.com/issue-2-2018/report-from-pfq-meeting.html

Д-Р ЃОРЃИ ФИЛИПОВ ВО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АВСТРИЈА – Д-Р АЛЕКСАНДЕР ВАН ДЕР БЕЛЕН

На 11 јуни 2018 во Виена, претседателот на Република Австрија, д-р Ван дер Белен прими делегација на „Европската академија на науките и уметностите”, предводена од претседателот на академијата, проф. д-р Феликс Унгер. Во делегацијата учествуваше и амбасадорот, проф. д-р Ѓорѓи Филипов, претседател на УО на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” – Скопје и директор на „Берин Интернационал” – Виена. 

140то ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ТРГОВСКИ МАРКИ (INTA) ВО СИЕТЛ, САД

Годишното собрание на Меѓународната асоцијација за трговски марки (International Trademark Association, INTA) за 2018 се одржа по 140ти пат од 18-25 мај во Сиетл, САД, градот на Microsoft, на Boeing, Starbucks, Amazon, Jimi Hendriks, Nirvana и на многу други славни компании и личности, коишто дале придонес или го обележале развојот на светската индустрија и култура.

ГОДИШНА СРЕДБА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ЗАВОД – ПАРТНЕРСТВО ЗА КВАЛИТЕТ (ЕПИ – ЕПО) – PARTNERSHIP FOR QUALITY (EPI – EPO)

Дипл. инж. Богољуб Илиевски, МЗИС и ЕПЗ, шеф на Оделот за патенти во Агенцијата за ИС БЕРИН, како претседател на поткомитетот за квалитет ја предводеше шесточлената делегација при Европскиот Патентен Институт (ЕПИ) на годишната средба “Партнерство за Квалитет” кој се одржа во Европскиот Патентен Завод во Минхен на 23 aприл 2018г. Илиевски е одговорен и за спроведување на Системот за менаџирање на квалитет во рамките на ИСО стандардот 9001:2008, кој веќе 9 години е имплементиран во БЕРИН. Со своето искуството во областа, тој придонесе кон плодоносна размена на искуствата при имплементација на системот во Европската Патентна Организација.

СВЕТСКИ ДЕН НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ 2018 И ИЗБОР НА ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА

По повод Меѓународниот ден на интелектуалната сопственост – 26 Април, во организација на Државниот Завод на Република Македонија  во хотел "Солун"  во Скопје се одржа традиционалното  доделување на наградата ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА.

Оваа година наградата ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА беше доделена на авторот Виктор Настев за пронајдокот "Уред со електрично или пневматско задвижување на преклопен механизам за иницирање намалување на брзина на возила", чијашто пријава беше поднесена во јули 2017 година од страна на застапникот БЕРИН.

АГЕНЦИЈАТА „БЕРИН” НА 84ти СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ИНСТИТУТ ВО МАЛТА

Делегација на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” во состав м-р Марија Ќосеска и дипл. инж. Богољуб Илиевски учествуваше во работата нa 84. Совет на Европскиот патентен институт (ЕПИ), што се одржа во Валета (МАЛТА) од 13-14 април 2018г. Инаку, Агенцијата Берин, во Европскиот Патентен Институт е претставена во четири комитети: Комитет за професионално спроведување (м-р Марија Ќосеска),  Комитетот за европска патентна пракса (Богољуб Илиевски), Комитет за дисциплинска постапка (Ванчо Дамјански) и Комитет за ЕПО-финансии (проф. д-р Ѓорѓи Филипов).

ЗАСТАПНИКОТ ИЛИЕВСКИ ОД „БЕРИН” Е ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПОТ-КОМИТЕТОТ ЗА КВАЛИТЕТ ПРИ ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ИНСТИТУТ

Дипл. инж. Богољуб Илиевски, македонски и европски патентен застапник (МЗИС & ЕПЗ), шеф на Оделот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН, на состанокот одржан на 25 Јануари во Минхен, беше едногласно избран за претседател на поткомитетот за квалитет и воедно како еден од четирите потпретседатели на комитетот за Европска Патентна Пракса при Европскиот Патентен Институт (ЕПИ). Овие функции тој ќе ги извршува во рамките на мандатот на овој комитет во периодот од 2018 – 2021 година. 

Нов текст на М-р Ќосеска од агенцијата БЕРИН во магазинот IN Store

М-р Марија Ќосеска, застапник за индустриска сопственост во  Агенцијата за интелктуална сопственост БЕРИН, за последниот број на магазинот IN Store пишува  за Повреда на правата на интелектуална сопственост преку интернет.