Дарен Танг ги презема функциите како Генерален Директор на СОИС (WIPO)

На 1 oктомври 2020 г. г-дин Дарен Танг,  официјално го започна својот шестгодишниот мандат на генерален директор на Светската Организација за Интелектуална Сопственост-СОИП (World Intellectual Property Organization – WIPO), со што го започна својот шестгодишниот мандат на чело на Организацијата.

Пред неговото назначување за генерален директор на WIPO, г.Танг беше главен извршен директор на Заводот за Интелектуална Сопственост на Сингапур (IPOS). Пред да се приклучи на IPOS во периодот помеѓу 1997 и 2012 година, г. Танг извршувал повеќе јавни функции во Министерството за трговија и индустрија на Сингапур и  Јавното правобранителство. Во работата на WIPO активно е вклучен од мај 2017 како претседавач на постојаниот комитет за авторски права и сродни права.

Членовите на собранието на WIPO со консензус на 8 мај 2020 година, го именуваа г. Танг за следен генерален директор на Организацијата, по неговото номинирање од страна на координативниот комитет на WIPO во март 2020 година. При неговото назначување тој ја истакна ориентацијата на својата работа на три главни теми: инклузивност, рамнотежа и ориентација кон иднината.

Г-дин Танг е петтиот генерален директор на WIPO, наследувајќи го г-дин Франсис Гири (2008-2020), г-дин Камил Идрис (1997-2008), г-дин Арпад Богш (1973-1997) и г. Георг Боденхаузен (1970-1973).

Агенцијата Берин му го честита почетокот на новата функција и му посакуваме успешна работа!

преземено….