90ти СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ИНСТИТУТ

На 8 мај 2021 година со видеоконференција се одржа 90—ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ), на кој присуствуваа вкупно 160 члена, меѓу кои и тројца претставници од МК: проф. д-р Ѓорѓи Филипов, дипл. инж. Богољуб Илиевски (како постојани членови и м-р Марија Ќосеска, дипл. инж, како супститивен член на Советот).  За време на состанокот, членовите на Советот ја избраа новата генерална секретарка, г-ѓа Олга СИРАКОВА (БГ), на место на г. Корнелис Мулдер (НЛ), кој поднесе оставка во јануари 2021г.

Членовите на Советот избраа и членови на Комитети за кои има слободни места. Ажурираниот список на членови на Комитетот ќе биде наскоро достапен на веб-страницата епи (https://patentepi.org/en/epi-bodies).

Советот, исто така, ја поздрави г-ѓа Татјана ЛИСАК, која започна да работи како извршен директор за ЕПИ на 1 февруари 2021 година.

Меѓу дискутираните теми, документот за дискусија во EQE подготвен од Комитетот за професионално образование беше презентиран пред членовите на Советот и предизвика многу коментари и предлози.

Во Советот на ЕПИ члленуваат 12.300 патентни застапници од 38 европски земји. Да потсетиме дека со тригодишен мандат во управните тела на Европскиот патентен  институт се избрани, следниве претставници од (МК): Богољуб Илиевски, еден од двајцата потпрестседатели на ЕПИ, Ванчо Дамјански, член на Дисциплинскиот комитет, Благица Вескоска, член на Комитетот за биолошки пронајдоци, Марија Ќосеска, член на Комитетот за спроведување на постапките, Валентин Пепељугоски, член на Комитетите за едукација и литигација и Ѓорѓи Филипов, член на Комитетот за Европскиот комитет за патентна пракса.