БОГОЉУБ ИЛИЕВСКИ ОД БЕРИН – ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ИНСТИТУТ ВО МИНХЕН

На ден 29.06.2020г. онлајн се одржа 88-то Собрание на Советот на Европскиот патентен институт, организација на професионалните застапници пред Европскиот патентен завод во Минхен, се избра ново раководство на Институтот, во кое на едно од двете потпретседателски места е избран македонскиот и европски патентен застапник, Богољуб Илиевски – директор на Секторот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост „БЕРИН” од Скопје, МК. 

Во Европскиот патентен институт членуваат околу 12.000 патентни застапници од Европа од 38 земји (сите членки на ЕУ, вклучително Турција, Северна Македонја, Србија, Албанија, Швајцарија, Обединетото Кралство, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка и Сан Марино). Овој избор е големо признание за него лично, за Агенцијата Берин и за сите македонски патентни застапници. 

На ова собрание, на кое учествуваше и проф. д-р Ѓорѓи Филипов – основач на БЕРИН, беше потврден уште еден мандат во Дисциплинската комисија на Европскиот патенетен институт за македонскиот и европски патентен застапник, Ванчо Дамјански – главен извршен директор на БЕРИН.

Им благодариме на сите колеги што го подржаа изборот!

Честито да им е на Богољуб и на Ванчо! 
Честито да им е на сите македонски патентни застапници!