Повеќе од 2.6 милиони поднесени патентни пријави се поднесени пред најголемите пeт патентни заводи во светот во 2016

Ова е зголемување од 10.4% во однос на претходната година, се вели во најновиот стаистички извештај креиран од страна на Европскиот, Јапонскиот, Кореанскиот, Кинескиот и Американскиот Патентен Завод познати како ИС5 заводи односно пет најголеми патентни заводи во светот.

АГЕНЦИЈАТА „БЕРИН” НА 83-ти СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ИНСТИТУТ ВО ВАРШАВА

Делегација на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” во состав: проф. д-р Ѓорѓи Филипов, м-р Марија Ќосеска и дипл. инж. Лилјана Филипова (придружен член) учествуваше во работата на 83-ти Совет на Европскиот патентен институт (ЕПИ), што се одржа од 17-19 ноември 2017г. во Варшава (Полска).

 

МАКИНОВА 2017 – АГЕНЦИЈАТА БЕРИН ГИ НАГРАДИ МЛАДИТЕ ПРОНАЈДУВАЧИ

Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН награди двајца млади пронајдувачи – учесници  на 38-иот Меѓународниот саем на иновации – Макинова 2017, кој оваа се одржа во спортската сала „Борис Трајковски“ – Скопје од 25-29 октомври 2017г. и на кој своите пронајдувачки проекти  и трудови ги претставија околу 50-ина пронајдувачи во катериите Макинова  и Еконова.

Антонио КАПИНОС e избран за следен претседател на ЕПО

На 153-тиот состанок на Административниот совет на Европската патентна организација, што се одржа во Минхен на 10 октомври 2017 година под претседателство на г. Кристоф Ернст (DE), го избра г-дин Антонио КАМПИНОС за наследник на г-дин Беноит БАТИТИЛИ како претседател на Европскиот патентен завод (ЕПО ). 5-годишниот мандат на КАМПИНОС ќе започне на 1 јули 2018 година.

ЃОРЃИ ФИЛИПОВ НА 8.КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПОДУНАВСКИТЕ АКАДЕМИИ НА НАУКИ И УМЕТНОСТИ

Претседателот на УО на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” , проф. д-р Ѓорѓи Филипов, член на Европската академија на науки и уметности, учествуваше во работата на 8-мата Конференција на подунавските академии на науки и уметности, која се оддржа од 21-22  септември 2017 во Белград (Р. Србија), во организација на Српската и Европската академија на науки и уметности.

Текст на М-р Ќосеска од агенцијата БЕРИН во јубилејниот 50-ти број на магазинот IN Store

М-р Марија Ќосеска, застапник за индустриска сопственост во  Агенцијата за интелктуална сопственост БЕРИН, за последниот број на магазинот IN Store пишува Совети за Развивање стратегија за интелектуална сопственост. 

 
 

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА “БЕРИН ИЗВОР” НА БОРИС ЏОРЏЕВ

На ден 5 јули 2017 година, во Народната библиотека на Пирот (Р. Србија) се одржа промоција на книгата "БЕРИН ИЗВОР", чиј автор е г-нот Борис Џорџев. 

Книгата претставува монографија за селото Берин, во околината на Пирот, кое што оваа година одбележува 200 години постоење. Излегувањето од печат на книга е со спонзортсво на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје. 

БЕРИН УЧЕСТВУВАШЕ НА ПАРАТИСИМА СКОПЈЕ 2017

М-р Марија Ќосеска, застапник по индустриска сопственост од Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, на 17 јуни 2017г, во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) одржа две предавања во рамките на интернационалниот саем на современа уметност Паратисима Скопје 2017. 

БЕРИН учествуваше на INTA 2017

Во Барселона (Шпанија), од 20-24 мај 2017 се одржа 139 Годишно собрание на Светската организација за трговски марки ИНТА 2017 на која учествуваат околу 11.000 застапници за патенти и трговски марки од целиот свет. На Собранието учествува и Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН со четворица претставници и еден соработник: проф. д-р Ѓорѓи Филипов, основач, дипл. инж. Лилјана Филипова, ко-основач, дипл. инж. Ванчо Дамјански, извршен директор и м-р Марија Ќосеска дипл. инж., раководител на одделот за трговски марки. Во организацијата беа вклучени и Маја Дамјанска, дипл. психолог, советник за издателство и комуникации од Скопје и м-р Иван Иванов, од ИП консалтинг, соработник од Софија. БЕРИН на 22 мај 2017г. спроведе семинар-работилница наменет за партнерите од Кина и останатите земји на Далечниот Исток. 

ИЛИЕВСКИ НА 84-та СЕДНИЦА НА ПОСТОЈАНИИОТ КОМИТЕТОТ ЗА ТЕХНИЧКИ И ОПЕРАТИВНИ ДЕЈНОСТИ ПРИ ЕПИ

На 10 Мај 2017 г., во Минхен се одржа 84-ти состанок на постојаниот комитет за технички и оперативни дејности при Европската Патентна Организација (ЕПО). Овој комитет брои нешто повеќе од 100 членови (по два члена од земјите членки на ЕПО како и од земјите придружни членки на оваа организација). Европскиот Патентен Завод беше претставен од 26 члена делегација на чело со трите потпретседатели д-р Рајмунд Луц, м-р Гилам Миној и м-р Алберто Касадо. Составот на овој комитет е надополнет со по еден претставник на Заводот за Интелектуална Сопственост на ЕУ (ЕУИПО), Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИП) и  Европскиот Патентен Институт (ЕПИ).