БЕРИН УЧЕСТВУВАШЕ НА ПАРАТИСИМА СКОПЈЕ 2017

М-р Марија Ќосеска, застапник по индустриска сопственост од Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, на 17 јуни 2017г, во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) одржа две предавања во рамките на интернационалниот саем на современа уметност Паратисима Скопје 2017.

Првото предавање беше на темата “Интелектуалната сопственост за уметници, професионалци во полето на уметноста и креативните индустрии: заштитете ја предноста пред конкурентите”, додека втората тема беше “Дизајнот во едно поинакво светло: Заштитата на индустрискиот дизајн како награда за креативноста и стимул за економски развој”.

Присутните лица, уметници, дизајнери и креативни индивидуалци, преку овие предавања имаа можност да се запознаат со основите и различни видови на интелектуалната сопственост, можностите кои оваа област ги нуди. можностите за заштита на индустрискиот дијзан како право од индустриска сопстевност и дел од интелектуалната сопственос, како и целите и бенефитите од заштита на сопствениот креативен труд.

Предавањата побудија голем интерес кај учесниците на интернационалниот саем Паратисима Скопје 2017, како резултат на што по предавањата се разви дискусија.

Паратисима Скопје е интернационален саем на современа уметност кој е отворен за сите форми на уметност и креативност и оваа година се одржа по четврти пат. Учеството на БЕРИН на овој настан е резултат од заедничката соработка со Паратисима Скопје.