МАКИНОВА 2017 – АГЕНЦИЈАТА БЕРИН ГИ НАГРАДИ МЛАДИТЕ ПРОНАЈДУВАЧИ

Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН награди двајца млади пронајдувачи – учесници  на 38-иот Меѓународниот саем на иновации – Макинова 2017, кој оваа се одржа во спортската сала „Борис Трајковски“ – Скопје од 25-29 октомври 2017г. и на кој своите пронајдувачки проекти  и трудови ги претставија околу 50-ина пронајдувачи во катериите Макинова  и Еконова.

Резард Хусени за пронајдокот „ЦНЦ Плотер” и Бисера Лозановска за „Чиста вода со помош на зеолит, коски од риба и лушпи од јајца” се добитници на годинашнава награда „Млад пронајдовач”, која што БЕРИН ја доделува веќе дваесеттина години. Признанијата, како диплома и паричен износ, им беа врачени од страна на проф. д-р Ѓорѓи Филипов, основач на Агенцијата.

Во таа пригода проф. Филипов им честита на наградените и кусо се осврна на значењето на Сојузот на пронајдувачи (СПАТУМ) и на Народна техника на Македонија за развојот на интересот за техника и иновации кај младите. Филипов го нагласи придонесот на Берин во промоцијата на пронаоѓаштвото кај младите во земјата и рече дека тој ќе продолжи со згоголем интензитет.

Во работата на Комисијата за оценка на пронајдоците, како претставник на Берин, учествуваше Јасмина Давитковска.