БЕРИН НА 42-TA МАКИНОВА И 19-ТА ЕКОНОВА

Oд 8-10 ноември 2021 г. се одржа 42-то издание МАКИНОВА, Меѓународната изложба за пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско-истражувачко и креативно творештво, како и 19-то издание на ЕКОНОВА, Меѓународна изложба на иновации, пронајдоци и идеи, чија цел е промоција на иновации за подобрување на животната средина. 

Агенцијата за интелектуана сопственост БЕРИН традиционално зеде учество учество во двете манифестации. Имено,  Дипл.инж.Кристина Чачовска од Одделот за патенти на Агенцијата БЕРИН, беше член на жири комисијата, која годинава оценувањето на експонатите го вршеше онлајн (виртуелно).

Свеченото доделување на награди се одржа на 17 ноември 2021 г. во х. Континентал, на која двајцата претставници од БЕРИН, Кристина Чачовска и Богољуб Илиевски, ги доделија посебните награди од БЕРИН за најуспешните учесници во категоријата „млади учесници“.  

Во категоријата „МАКИНОВА 2021“ – Млади учесници, наградата од БЕРИН ја понесоа  Мартин Милчевски и Лука Дамјанов од СЕТУГС „Михалјо Пупин“- Скопје, под менторство на професорката Даниела Сандева, за проектот „LUMA-Ergonomik chair“. 

Во категоријата „ЕКОНОВА 2021“ – Млади учесници, наградата од БЕРИН припадна на Гала Арсовска од ОСТУ  „Наце Буѓони“- Куманово, која под менторство на професорката Славица Караникиќ, го изработи проектот „Природна заштита на пчелите од паразити“. 

Организаторот на двете манифестации „Народна техника“ додели Благодарници на БЕРИН, за долгогодишната подршка на двете манифестации, и на Кристина Чачовска, за учество во жири комисијата.