91-ви СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ИНСТИТУТ

На 13 Ноември 2021 година со видеоконференција се одржа 91—ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ), на кој присуствуваа вкупно 188 члена, вклучувајќи тројца претставници од МК:  дипл. инж. Богољуб Илиевски во својство на потпретседател на Институтот и проф. д-р Ѓорѓи Филипов (двајцата постојани членови на Советот) и м-р. инж. Марија Ќосеска, како заменик член на Советот.

Во рамките на видео конференцијата, на членовите на Советот им се обрати Претседателот на Европската Патентна Организација (ЕПО), г-дин Антонио Кампинос со презентација во врска со најновите случувања во таа организација. По презентацијата следуваше сесија на Прашања и Одговори која беше фокусирана на следниве теми: Испитот за Европски патентни застапници, ЕПО Академијата, усни расправи во ЕПО преку видео конференција, Квалитет, дигитализација, телеворкинг и ИТ безбедност.

Советот го усвои стратегискиот план на Институтот кој беше претставен на минатиот состанок и исто така го изгласа буџетот за 2022.