ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПРИЗНАЕНИ ПАТЕНТИ ЗА 2021 ВО ИС5 ЗАВОДИТЕ

Петте најголеми светски заводи за Индустриска Сопственост (ИС5) го објавија стаистичкиот извештај за 2021 на својата веб-страница. Според овој извештај, во 2021 година, ИС5 признале 1,5 милиони патенти, што е зголемување од 10% во однос на претходната година и прими 2,9 милиони барања за патенти (+3,7%).

Извештајот е годишна компилација на статистиката за патенти објавена од Европскиот патентен завод (ЕПО), Јапонскиот завод за патенти (ЈПО), Корејската канцеларија за интелектуална сопственост (КИПО), Кинеската национална администрација за интелектуална сопственост (ЦНИПА) и Патентниот завод и Канцеларија за трговски марки на САД (УСПТО). Извештајот вклучува случувања во сите пет канцеларии, детално покривање на сличностите и разликите во нивните процедури за признавање на право на патент, како и сеопфатни светски податоци од Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИП)

Заводите од ИС5 соработуваат од 2007 година за да ја подобрат ефикасноста и квалитетот на глобалниот систем за патенти преку испорака на заеднички производи и услуги.

Повеќе детали на: https://www.fiveipoffices.org/node/9151