В. ДАМЈАНСКИ И Б. ИЛИЕВСКИ ГИ ПРЕТСТАВУВАА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРОПСКИ ПАТЕНТНИ ЗАСТАПНИЦИ НА 93-ТИ СОВЕТ НА ЕПИ

На 21 и 22 Октомври 2022 се одржа 93-ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (епи). Состанокот на советот се одржа како физичка средба во Фуенгирола во близина на Малага (Шпанија). На состанокот присуствуваа вкупно 132 од вкупно околу 14.000 европски патентни застапници од 38 земји, меѓу нив и Ванчо Дамјански, извршен директор на БЕРИН доо и Богољуб Илиевски, раководител на оделението за патенти во БЕРИН доо.

Дента, пред одржувањето на состанокот на Советот, Богољуб Илиевски, во својство на потпретседател на Европскиот Патентен Институт (епи) учествуваше на неформална вечера на президиумот со г-дин Макс Брунер од Генералниот секретаријат на Министерство за Правда при Европската мисија, со кој се дискутираше за предизвиците на Европскиот патентен суд како и на официјален состанок на президиумот кој се одржа следниот ден.

На работата на Советот претходеше семинар со назив “Најнови случувања во Унитарниот патентен систем и Европскиот патентен суд”. Делегатите на советот ги усвоија извештаите на претседателот и потпретседателите на ЕПИ, на генералниот секретар и на чуварот на трезорот. Исто така, беа избрани членовите на изборната комисија за Изборите за советот на институтот. Советот на епи не го одобри барањето на бордот за независно покренување на дисциплински постапки пред ЕПО без консултација на дисциплинскиот комитет. Во оваа, на моменти бурна дискусија активно учествуваше и Ванчо Дамјански, активен член на дисциплинската комисија. 

Главен настан во попладневниот дел од работата на советот беше излагањето на потпретседателот на Европската патентна организација, г-дин Стивен Рован, во врска со стратегискиот развоен план ЕПО 2023.Рован дополнително одговараше на прашањата на членовите на советот кој највеќе се интересираа за статусот на воведени мерки за подобрување на квалитетот на производите и услугите на ЕПЗ.

Вечерниот дел на состанокот беше посветен на извештајот на комитетите пришто во делот на дебатата околу работата на комитетот на Европската патентна пракса активно учество имаше и Богољуб Илиевски, кој ја истакна улогата на европските патентни застапници во комуникацијата со ЕПО и повика на активно учество на заедничките новоформирани тело на епи-ЕПО кој се задолжени за подигнување на квалитетот на услугите.

Дебатите продолжија на заедничката вечера на делегатите на советот, проследена со вкусни Андалузискиспецијалитети како и локално Фламенго шоу, а претставниците од Берин не ја пропуштија можноста да ги зацврстат старите пријателства и деловни врски и да отворат нови.