УЧЕСТВО НА 40-ТА ECTA КОНФЕРЕНЦИЈА ВО КОПЕНХАГЕН ДАНСКА

Под слоганот  “Дизајнирање на иднината” (Designing the future) во Копенхаген Данска од 15-18-ти Јуни  се одржа 40-та годишна конференција на Асоцијацијата за Трговски Марки на Европска Унија на која учествуваше преставникот на Берин Ванчо Дамјански. 
По една одложена конференција и една одржана во хибриден облик,  во земјата на напредниот нордиски дизајн, над 670 професионалци од областа на заштитата на на трговските марки, индустриски дизајн и ознаки на потекло, присуствуваа на оваа значајна јубилејна конференција.
Покрај редовните средби на надлежните комитетите и извештајот за работата , конференцијата започна со обраќање на директорот на данскиот завод за патенти и трговски марки Суне Соренсен и запознавање со актуелните случувања во WIPO  и EUIPO. Следеа едукативни сесии во кои учесниците се имаа прилика да дознаат за актуелностите во поглед на заштитата и користењето на податоците , алтернативни пристапи во решавање на споровите  и финесите при заштитата во модната индустријата.
Дополнително, во комбинирани панелни и едукативни сесии се опфатија темите и се дискутираше за: заштитата на храна и традиционални јадења како и предизвиците при регулирање на правата од интелектуална сопственост кај стартап и спиноф  компаниите при соработка со академските институции. 
Освен во едукативниот дел, вмрежувањето помеѓу колегите се одвиваше на социјалните настани организирани на неколку значајни локации.  
Од оваа година беше воведен и посебен настан  за учесниците кои прв пат ја посетуваат конференцијата со цел да се запознаат со можноста за партиципација во работата на организцијата.
Конференцијата заврши со предавање на претседателскиот медал од досегашната претседателка г-ѓа Анет Расмунсен на новиот претседател , нашиот драг колега Младен Вукмир кое се одвиваше во првата Европска циркуска зграда Акселторв.