СОВЕТУВАЊЕ ЗА АНТИКОРУПЦИСКИ СТРАТЕГИИ ВО СТОПАНСТВОТО

Проф. д-р Ѓорѓи Филипов и дипл. инж. Ванчо Дамјански, извршен директор на Агенцијата за интелектуална сопственост Берин, учествуваа на настанот „Антикорупциски стратегии во стопанството”, подготвен од Германско – македонското стопанско здружение, Австриско-македонското стопанско здружение, Холандската и Американската стопанска комора во македонија. Воведен збор даде Роберт Керасоли, експерт и поранешен генерален инспектор на државата Масачусетс и во Њу Орлеанс, Луизијана, САД. Претставници на македонски компании и на компании од странство со свои фирми или претставништва во Македонија разменија искуства околу проблемот на корупција во САД, Европа и Македонија. Претставниците на Агенцијата, Филипов и Дамјански разговараа со Керасоли по настанот разменувајќи мислења за антикорупциските обичаи во САД, Германија, Австрија, Словачка, Јапонија и Македонија. Настанот потврди дека појави на корупција има насекаде, но борбата против корупцијата не е секаде со ист интезитет. Резултатите зависат пред се од однесувањата на властите, правосудниот систем, но и од самите компании и нивната подготвеност да се реагира соодветно на обидите за корупција и рекет од страна на државните службеници, политичари, директно или преку посредници. Им благодариме на организаторите за советувањето и на г-дин Керасоли за споделување на неговите лични искуства во борбата против корупцијата.