0д 8-12 октомври 2019г., во хотелот „Савојен“ во Виена се одржа работниот дел од традиционално собирање на FICPI, именувано како Отворен форум-Виена 2019 (FICPI Open Forum-Vienna 2019), на кое помеѓу 376 делегати зедоа учество и двајца претставници од Берин.
Имено, основачот на БЕРИН и генерален менаџер на Berin International GmbH -Vienna, Ѓорѓи Филипов во својство на делегат и директорот на Берин ДОО Скопје, Ванчо Дамјански, во својство на гостин беа дел од овој стручен форум на кој низ предавања беа претставени новите знаења, а низ интерактивни панели разменети согледувањата на актуелните прашања од страна на водечки претставници на областа на заштита на интелектуална сопственост од аспект на водење на постапките и судската пракса.
Покрај тоа, во рамки на настанот, беа претставени и плановите на организацијата поврзани со работата на организацијата и нејзината улога со меѓународнот систем на заштита како една од најзначајните организации која ги претставува интересите на професионалните застапници од оваа област.
Едукативниот дел од настанот беше тематски поделен во три области: Патенти, Трговски Марки и Постапување и управување со интелектуалната сопственост, кои се одвиваа во паралелни сесии со активно учество во дискусиите од страна на учесниците.
Официјалниот дел од настанот заврши со свечена вечера за сите учесници во централната сала на палатата Хофбург додека наредниот ден дел од учесниците учествуваа на историска екскурзија и присуствуваа на прием во организација на Комората на застапници на Австрија, која се одржа во Природно научниот музеј на Виена.
