НА 14 НОЕМВРИ 2026 ГОДИНА, ВО СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“ – СКОПЈЕ, СЕ ОДРЖАА 47. МАКИНОВА И 24. ЕКОНОВА

На 14 ноември 2026 година, во СУГС „Никола Карев“ – Скопје, се одржа традиционалната меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн, нови технологии и производи, истражувачки проекти и младинско истражувачко и иновативно творештво – 47. МАКИНОВА и 24. ЕКОНОВА 2026 под покровителство на претседателката на Република Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова.
Покрај учесниците од Македонија, на изложбата свои иновативни решенија и проекти претставија и млади учесници од Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Србија.

„Берин“ и оваа година ја продолжи традицијата на доделување награди на млади иноватори на МАКИНОВА и ЕКОНОВА. Членката на жирито Марија Пикаус И. ги врачи наградите на Мелани Серафимова од Струмица за проектот „Козметика од див костен“ и на Наум Смилевски од Охрид за автоматска лента што препознава производи по боја, форма и материјал.
И оваа година младите учесници нè воодушевија со своите идеи и креативност. Со задоволство ги поддржуваме и се надеваме дека наградите ќе ги поттикнат да продолжат да ги развиваат своите идеи.