ВО ВЕЛЕС СЕ ОДРЖАА 45. МАКИНОВА И 22. ЕКОНОВА

Во текот на викендот 09.11.2024, во спортската сала на ДСУ „Коле Неделковски“ во Велес, беа одржани 45-то издание на МАКИНОВА и 22-то издание на ЕКОНОВА – најзначајните настани за иновации и еко-проекти во Македонија во организација на СПАТУМ и Народна техника. Оваа година, учество зедоа 96 учесници, меѓу кои 79 ученици од земјава и 17 претставници од регионот, односно од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Словенија и Бугарија.
Покровител на манифестацијата беше Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која и се обрати преку видео-бим. Изложбите беа посетени и од премиерот Христијан Мицкоски, потпретседателот на Влада и министер за тренспорт и врски Александар Николоски, министерката за образование, Весна Јаневска и градоначалникот Марко Колев.

И оваа година „Берин“ го поддржа настанот. Членот на жири комисијата Горан Илиќ ги додели наградите од Берин за „Роботска рака“ на Симона Атанаскова од Велес и „Ровер за истражување на радиоактивни и непристапни средини“ на Бодан Николов од Скопје. 

Особено сме инспирирани од младите пронаоѓачи кои оваа година покажаа исклучителна креативност и иновативен дух. Се надеваме дека нашата поддршка и награди ќе им послужат како поттик и мотивација да ги развиваат и имплементираат своите идеи во иднина.