ПРОФ. ФИЛИПОВ ВО СТОПАНСКА КОМОРА НА МК: ИЗВОЗЕН МЕНАЏМЕНТ, ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРАВИЛА – ЗАШТИТЕНАТА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ – НУЖНОСТ

Проф. д-р Ѓорѓи Филипов говореше на работилницата под наслов: „Еxport management: задолжителни правила и правни аспекти при извоз“, на тема: Запознавање со интелектуалната сопственост“, како еден од нужните елементи на кои треба да се внимава во креирањето стратегии и операционализација на извозот на една компанија на домашно и интернационално ниво. Покрај основните карактеристики на интелектуалната сопственост, нејзините видови, дефиниции, заедничките елементи, но и разлики во приодот па дури и во овозможувањето заштита на државно, територијално, европско или светско ниво, проф. Филипов зборуваше и за основите на Бренд менаџментот, Бренд лидерството, Патентниот менаџмент, и матриците на брендово или патентното портфолио, слични на Бостон Консалтинг Груп основната матрица, која ги опфаќа атрактивноста на пазарот и пазарниот удел на производите заштитени како трговска марка, индустрски дизајн или патент. Притоа проф. Филипов го претстави и БЕРИН МФС Портфолиото, софтвер развиен на основа на математичкиот модел создаден од него и останати експерти во Берин, чија матрица ги набљудува и овозможува донесување заклучоци за однесување на пазарот врз основа на атрактивноста на технолошкото подрачје и релативната позиција на индустриска сопоственост во која се наоѓаат производите кои претендираат извоз на одредено подрачје.