Промоција на книгата “РАЗУМНИ СИЛИ” во Белград

Во неделата на Саем на книгата во Белград, на ден 25 октомври 2016 г. во просториите на Друштвото на писатели во Србија (УКС) – Белград, се одржа промоција на книгата “Разумни сили”, чиј автор е проф. д-р Ѓорѓи Филипов.

Промоцијата се одржа во присуство на повеќе од 50-ина љубители на книгата, писатели, книжевници, претставници на македонските иселеници во Р. Србија, пријатели и соработници на БЕРИН. Во промоцијата на книгата зедоа учество Радомир Андрич, Милован Стефановски, Виктор Б. Шеќеровски и Верка Михајлова, додека извадоци од книгата читаа Олгица Марковска (на македонски јазик) и Нина Симиќ (на српски јазик). По завршување на претставувањето на книгата, присутните имаа чест и задоволство да се дружат и да добијат автограм од авторот.

Книгата “Разумни сили” претставува втор дел од трилогијата на авторот (“Свеќа и светлина”, “Разумни сили” и “Радиус на срцето”), во кои се објавени постови од личниот профил на авторот на Facebook со филозофско – духовна тематика. Преводот на книгата “Разумни сили” на српски, како и нејзиното објавување во Р. Србија се иницирани и потикнати од читатели во Србија. Истата книга беше изложена на два штанда на Саем на книгата во Белград 2016.