ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА

На 24 Декември, во хотелот Стоун Бриџ во Скопје се одржа традиционалното 19-то по ред доделување на наградата ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА во организација на Државниот Завод на Република Македонија. Во рамките на прогласувањето на патентот на годината, доделени беа и наградите освоени од страна на македонските пронајдувачи, учесници на меѓународниот саем за пронаоѓаштво и иновации ИЕНА 2012 во Нирнберг Пронајдокот МЕТОДА ЗА ПРОАКТИВНО СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА СПОРОВРТЕЧКИ МАШИНИ на подносителот Жаклина Стамболиска, чијашто пријава беше поднесена во Јуни оваа година од страна на застапникот БЕРИН доо Скопје освои бронзен медал и две специјални плакети на овој престижен саем. ”Заедничка фотографија на претставници на БЕРИН на оваа прослава со наградениот пронајдувач Жаклина Стамболиска”