Компанија

ВИЗИЈА

Да се биде компанија која ќе претставува спој на искуство и актуелност на глобалните знаењата во областа на интелектуалната сопственост, предводници во креирањето на висококвалитетни услуги изведени совесно и професонало, што ќе резултира со задоволство на нашите корисници и препознатливост во регионот и пошироко.

МИСИЈА

Постојаното пресретнување на барањата на нашите клиенти и надминување на нивните очекувања во согласност со релевантните национални и меѓународни стандарди и регулативи за безбедност и квалитет на испорачаните услуги, се определби за долгорочен пораст, профитабилност и висок квалитет на работењето кој продуцира бенефит за нашите вработени и бизнис партнери.

ПРИНЦИПИ

•Фокус кон Купувачот
•Фокус на квалитетот
•Процесен пристап
•Постојано подобрување
•Фокус кон вработените
•Партнерство со професионалците
•Одговорност за општиот развој

Услуги

Држави

Организации

Новости и ресурси

На пролетното, 97-мо по ред собрание на Европскиот патентен институт (ЕПИ), кое се одржа на 27 април 2024 во Софија беа разгледани актуелни теми, кои ја засегаат оваа професионална асоцијација на застапници пред Европскиот патентен завод.

На 21.02.24 во Минхен се одржа средба на членовите на Комитетот за комерцијализација на интелектуалната сопственост (IPCC, IP Commercialization Committee), тело на Европскиот патентен институт (epi). Комитетот се состои од десет члена, експерти од областа. Со комитетот претседаваше Hans Blöche,  а во работата учествуваше и проф. д-р Ѓорѓи Филипов.

Договорот за валидација меѓу Европската патентна организација (EPO) и Грузија стапи на сила на 15-ти Јануари. Како резултат на тоа, пронаоѓачите и разните бизниси сега можат да ги валидираат своите Европски патентни апликации и патенти доделени од Европската канцеларија за патенти (EPO) во Грузија врз основа на националниот закон на земјата.

На 7-ми Декември, во Скопје се одржа свеченост по поводот 30тата годишнина од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост, којшто отпочна со работа на 1. Декември 1993.