Дизајнот во едно поинакво светло

Во рамките на манифестацијата “Скопска недела на дизајнот” своја презентација на тема “Дизајнот во едно поинакво светло” одржа Марија Ќосеска од Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН. Присутните имаа можност да се запознаат со начинот, можностите како и времетраењето на постапката за заштита и особено важноста од заштитата на Индустрискиот дизајн како награда за креативноста и стимул за економскиот развој, притоа обезбедувајќи ексклузивност и единственост на резултатите од креативните идеи и дејства, односно заштита од неовластено копирање или имитација.