Да се биде компанија која ќе претставува спој на искуство и актуелност на глобалните знаењата во областа на интелектуалната сопственост, предводници во креирањето на висококвалитетни услуги изведени совесно и професонало, што ќе резултира со задоволство на нашите корисници и препознатливост во регионот и пошироко.
МИСИЈА
Постојаното пресретнување на барањата на нашите клиенти и надминување на нивните очекувања во согласност со релевантните национални и меѓународни стандарди и регулативи за безбедност и квалитет на испорачаните услуги, се определби за долгорочен пораст, профитабилност и висок квалитет на работењето кој продуцира бенефит за нашите вработени и бизнис партнери.
ПРИНЦИПИ
•Фокус кон Купувачот
•Фокус на квалитетот
•Процесен пристап
•Постојано подобрување
•Фокус кон вработените
•Партнерство со професионалците
•Одговорност за општиот развој
На 21 и 22 Октомври 2022 се одржа 93-ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (епи). Состанокот на советот се одржа како физичка средба во Фуенгирола во близина на Малага (Шпанија).
Редовниот есенски состанок на АНИПА (Асоцијација на национални комори и здруженија на патентни застапници и застапници за Трговски марки од Европа) се одржаво Истанбул
ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПРИЗНАЕНИ ПАТЕНТИ ЗА 2021 ВО ИС5 ЗАВОДИТЕ
01.02.2023
Петте најголеми светски заводи за Индустриска Сопственост (ИС5) го објавија стаистичкиот извештај за 2021 на својата веб-страница. Според овој извештај, во 2021 година, ИС5 признале 1,5 милиони патенти, што е зголемување од 10% во однос на претходната година и прими 2,9 милиони барања за патенти (+3,7%).
Извештајот е годишна компилација на статистиката за патенти објавена од Европскиот патентен завод (ЕПО), Јапонскиот завод за патенти (ЈПО), Корејската канцеларија за интелектуална сопственост (КИПО), Кинеската национална администрација за интелектуална сопственост (ЦНИПА) и Патентниот завод и Канцеларија за трговски марки на САД (УСПТО). Извештајот вклучува случувања во сите пет канцеларии, детално покривање на сличностите и разликите во нивните процедури за признавање на право на патент, како и сеопфатни светски податоци од Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИП)
Заводите од ИС5 соработуваат од 2007 година за да ја подобрат ефикасноста и квалитетот на глобалниот систем за патенти преку испорака на заеднички производи и услуги.
В. ДАМЈАНСКИ И Б. ИЛИЕВСКИ ГИ ПРЕТСТАВУВАА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРОПСКИ ПАТЕНТНИ ЗАСТАПНИЦИ НА 93-ТИ СОВЕТ НА ЕПИ
23.10.2022
На 21 и 22 Октомври 2022 се одржа 93-ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (епи). Состанокот на советот се одржа како физичка средба во Фуенгирола во близина на Малага (Шпанија). На состанокот присуствуваа вкупно 132 од вкупно околу 14.000 европски патентни застапници од 38 земји, меѓу нив и Ванчо Дамјански, извршен директор на БЕРИН доо и Богољуб Илиевски, раководител на оделението за патенти во БЕРИН доо.
Дента, пред одржувањето на состанокот на Советот, Богољуб Илиевски, во својство на потпретседател на Европскиот Патентен Институт (епи) учествуваше на неформална вечера на президиумот со г-дин Макс Брунер од Генералниот секретаријат на Министерство за Правда при Европската мисија, со кој се дискутираше за предизвиците на Европскиот патентен суд како и на официјален состанок на президиумот кој се одржа следниот ден.
На работата на Советот претходеше семинар со назив “Најнови случувања во Унитарниот патентен систем и Европскиот патентен суд”. Делегатите на советот ги усвоија извештаите на претседателот и потпретседателите на ЕПИ, на генералниот секретар и на чуварот на трезорот. Исто така, беа избрани членовите на изборната комисија за Изборите за советот на институтот. Советот на епи не го одобри барањето на бордот за независно покренување на дисциплински постапки пред ЕПО без консултација на дисциплинскиот комитет. Во оваа, на моменти бурна дискусија активно учествуваше и Ванчо Дамјански, активен член на дисциплинската комисија.
Главен настан во попладневниот дел од работата на советот беше излагањето на потпретседателот на Европската патентна организација, г-дин Стивен Рован, во врска со стратегискиот развоен план ЕПО 2023.Рован дополнително одговараше на прашањата на членовите на советот кој највеќе се интересираа за статусот на воведени мерки за подобрување на квалитетот на производите и услугите на ЕПЗ.
Вечерниот дел на состанокот беше посветен на извештајот на комитетите пришто во делот на дебатата околу работата на комитетот на Европската патентна пракса активно учество имаше и Богољуб Илиевски, кој ја истакна улогата на европските патентни застапници во комуникацијата со ЕПО и повика на активно учество на заедничките новоформирани тело на епи-ЕПО кој се задолжени за подигнување на квалитетот на услугите.
Дебатите продолжија на заедничката вечера на делегатите на советот, проследена со вкусни Андалузискиспецијалитети како и локално Фламенго шоу, а претставниците од Берин не ја пропуштија можноста да ги зацврстат старите пријателства и деловни врски и да отворат нови.
ЕВРОПСКАТА ПАТЕНТНА ОРГАНИЗАЦИЈА И ПОСАКА ДОБРЕДОЈДЕ НА ЦРНА ГОРА
01.10.2022
Црна Гора стана 39та земја полноправен член Европската патентна организација. Ова следува по депонирањето нејзиниот инструмент за пристапување кон Европската патентна конвенција (ЕПЦ) на 15 Јули 2022 година. Од 1 Октомври, 2022 година Европскиот патентен завод (ЕПЗ), исто така, ќе ги преземе функциите на приемно биро за меѓународни пријави поднесени согласно ДСП (Договор за соработка во однос на патенти) и ќе дејствува како овластена меѓународен орган за спроведување на меѓународно пребарување и суштинско испитување на овие пријави во име на Црна Гора.
Редовниот есенски состанок на АНИПА (Асоцијација на национални комори и здруженија на патентни застапници и застапници за Трговски марки од Европа) се одржа во Истанбул на 17ти Септември. Иако Македонското здружение на патентни застапници не е член на АНИПА, сепак овој состанок не помина без претставник од нашата држава. Богољуб Илиевски од Берин, во својство на Потпретседател заедно со Претседателот Францис Лајдер и Генералниот секретар Олга Сиракова ја сочинуваа делегацијата на Европскиот Патентен Институт (епи). На состанокот, кој беше прва физичка средба по пандемијата, најнапред беа дадени извештаи за активностите на претставниците на здружението во телата на Европскиот патентен Завод (ЕПЗ) и Завод за Трговски Марки на Европска унија (ЕУИПО). Делегати од одредени земји информираа за најновите случувања и измени што се очекуваат во законите за Индустриска Сопственост. Во рамките на состанокот, преставниците на епи одржаа серија на презентации за најновите случувања во ЕПЗ. Богољуб Илиевски, презентираше и информираше за најновиот развој на настани во врска со промени на членот 126(2) ЕПК, квалитет на услуги и производи од страна на ЕПО, како за и ново отворената канцеларија на Омбудсман во рамките на ЕПО. Дополнително, претседателот Францис Лајдер презентираше за најновите случувања и развој на настани во врска со Унитарниот патент и Унитарниот патентен суд кој треба да стапи во сила и да започне со работа на пролет 2023. Покрај напорната работа, состаноците на АНИПА се исто така доста социјални и нудат можност за средби и убава дружба. Соодветно и овој состанок благодарение на колегите од Турција (во улога на домаќини) заврши со крстарење по Босфорскиот теснец и прекрасна вечера во рибен ресторан. Следниот состанок на АНИПА е закажан за крајот на Април во Бордо а домаќин ќе биде Француското здружение на патентни застапници.
УЧЕСТВО НА 40-ТА ECTA КОНФЕРЕНЦИЈА ВО КОПЕНХАГЕН ДАНСКА
19.06.2022
Под слоганот "Дизајнирање на иднината" (Designing the future) во Копенхаген Данска од 15-18-ти Јуни се одржа 40-та годишна конференција на Асоцијацијата за Трговски Марки на Европска Унија на која учествуваше преставникот на Берин Ванчо Дамјански.
По една одложена конференција и една одржана во хибриден облик, во земјата на напредниот нордиски дизајн, над 670 професионалци од областа на заштитата на на трговските марки, индустриски дизајн и ознаки на потекло, присуствуваа на оваа значајна јубилејна конференција.
Покрај редовните средби на надлежните комитетите и извештајот за работата , конференцијата започна со обраќање на директорот на данскиот завод за патенти и трговски марки Суне Соренсен и запознавање со актуелните случувања во WIPO и EUIPO. Следеа едукативни сесии во кои учесниците се имаа прилика да дознаат за актуелностите во поглед на заштитата и користењето на податоците , алтернативни пристапи во решавање на споровите и финесите при заштитата во модната индустријата.
Дополнително, во комбинирани панелни и едукативни сесии се опфатија темите и се дискутираше за: заштитата на храна и традиционални јадења како и предизвиците при регулирање на правата од интелектуална сопственост кај стартап и спиноф компаниите при соработка со академските институции.
Освен во едукативниот дел, вмрежувањето помеѓу колегите се одвиваше на социјалните настани организирани на неколку значајни локации.
Од оваа година беше воведен и посебен настан за учесниците кои прв пат ја посетуваат конференцијата со цел да се запознаат со можноста за партиципација во работата на организцијата.
Конференцијата заврши со предавање на претседателскиот медал од досегашната претседателка г-ѓа Анет Расмунсен на новиот претседател , нашиот драг колега Младен Вукмир кое се одвиваше во првата Европска циркуска зграда Акселторв.
ЌОСЕСКА И ИЛИЕВСКИ ОД АГЕНЦИЈАТА БЕРИН НА 92-ИОТ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ИНСТИТУТ
16.05.2022
На 6 и 7 Мај 2022 се одржа 92—ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ). По две и пол години и четири видео конференции, состанокот на советот овојпат се одржа како физичка средба во градот на патентите Минхен (Германија). На состанокот присуствуваа вкупно 120 од вкупно 13.500 европски патентни застапници од 38 земји, меѓу нив и Марија Ќосеска, раководител на оделението за трговски марки и индустриски дизајн во БЕРИН доо и Богољуб Илиевски, раководител на оделението за патенти во БЕРИН доо.
Дента, пред одржувањето на состанокот на Советот, Богољуб Илиевски, во својство на потпретседател на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ) учествуваше на работниот состанок и неформална вечера на президиумот со Извршната директорка на ЕПИ Татјана Лисак како и на официјалниот состанок на членовите на Президиумот кој се одржа следниот ден во претпладневните часови.
На работата на Советот претходеше семинар со назив “Доктрина на еквивалентност кај патентите”. Делегатите на советот ги усвоија извештаите на претседателот и потпретседателите на ЕПИ, на генералниот секретар, на внатрешните ревизори и на чуварот на трезорот. Исто така, со големо мнозинство беа изгласани измени во законот за избор на членови на работни комитети на институтот како и измени во кодексот на однесување на европските патентни застапници предложени од страна на комитетот за професионално однесување во чија работа учествуваше и Марија Ќосеска. Дебатите продолжија на заедничката вечера на делегатите на советот, проследена со вкусни Баварски специјалитети, а претставниците од Берин не ја пропуштија можноста да ги зацврстат старите пријателства и деловни врски и да отворат нови.
ПАТЕНТИ
ПАТЕНТ*е збир од исклучиви права дадени од страна на државата на сопственикот патентот (пронаоѓач или носител) за определен временски период во замена за уредено откривање на определени детали на пронајдокот кој може да биде, уред, постапка, начин или состав кој е нов, кој поседува иновативен придонес и е употреблив односно е индустриски применлив.
Берин доо нуди услуги од областа на заштитата на патентите во следните сегменти:
Пребарување, во патентни бази
Составување и уредување на патентни спецификации, за пронајдоци од сите области на техниката(фармација, машинство, хемија, електротехника и др.
Регистрација на национални патенти, во сите земји од регионот
Меѓународна регистрација на патенти:, Поднесување на PCT пријави
Застапување пред EPO:, Водење на постапки за признавање на европски патенти пред ЕПО
Валидација на европски патенти, пред сите национални заводи
Екстензија на европски патенти, пред придружните членки на ЕПО
Стручен превод, на патентни спецификации на и од Македонски, Англиски, Германски, Албански, Српски, Хрватски, Словенечки, Бугарски, Турски, Романски, Грчки, Руски и Француски
Уредување на патентни спецификаци во согласност со националните законодавства на државите, и подготовка на одговори на приговори и забелешки во фаза на испитување
Ануитети:, Одржување на патенти
TCM:, Постапки за издавање на дополнителен сертификат за продолжување на важење на патенти
Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на патентни права
Проценки:, Вредносна евалуација на Патенти и пронајдоци
Преноси на право,
*Терминот ПАТЕНТ потекнува од Латинскиот збор patere кој значи „да биде отворено“ (да биде ставено на увид на јавноста) и поимот letters patent, што изворно означувало благороднички декрет со кој се дава исклучиви права на определено лице или дејност.
ТРГОВСКИ МАРКИ
TРГОВСКА МАРКА е право од индустриска сопственост кое се однесува на одреден препознатлив знак кој се употребува од страна на лице, организација или правни субјекти за единствено означување на нивните производи и/или услуги пред потрошувачите, како и за разликување на нивните производи од оние на други субјекти.
[При водење на управни постапки]
Пребарување, во меѓународните и домашните бази;
Регистрација на трговски марки , во сите земји од регионот;
Меѓународна регистрација на трговски марки;
Следење на пазарот и официјални публикации;
Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
Приговори, поднесување и одговарање;
Провизорни одбивања,-одговарање и поднесување на предлози;
Поништувања,
Постапки за промена во регистри,-( договори за пренос, промена на назив и адреса);
Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на трговски марки
[При судска заштита и спроведување]
Судски спорови;,
Медијација:, постапки за разрешување на спорови;
Барања за царински мерки;,
Инспекциски увид: увид и преземање мерки ;
[Останати услуги]
Следење на пазарот и официјални публикации;
Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
Проценки:, Вредносна евалуација на трговски марки
*Трговската марка вообичаено се состои од име, збор, израз, графичко лого, симбол, изглед, слика или комбинација од истите. Знакот ® се користи за означување на знаци кои се регистрирани со право на трговска марка, тој е еквивалентен со знакот ТМ кој се користи за територија на Северна Америка.
АВТОРСКИ ПРАВА
Авторско право е термин под кој се подразбираат правата кои се однесуваат на креирањето, употребата и користењето на авторските дела односно специфични изрази на идеи и/информации. Авторско дело претставува интелектуална творба, на лице или група на лица, од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување.
Агенцијата БЕРИН e авторска агенција која на своите клиенти им нуди:
[При застапување на автори и корисници на авторски дела]
Составување на авторски договори , со домашни и меѓународни автори;
Посредување при исплата на авторски надомести;
Консултативни услуги , поврзани со заштитата на авторските права;
Берин, преку својата мрежа од застапници, овластени за застапување пред сите административни и судски органи, обезбедува доверливо и професионално застапување на своите корисници во сите фази од остварувањето и заштитата на правата од интелектуална сопственост. Со континуирано следење на сите законски измени и пракса во соработка со нашите клиенти го обезбедуваме оптималниот исход на секоја започната постапка:
Застапувањето пред управните органи опфаќа
• Застапување пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост
• Застапување пред Царинските Органи во постапки поврзани со царински мерки од областа на ИС
• Застапување пред државниот пазарен инспекторат
• Застапување пред органите за заштита на конкуренцијата
• Медијација:, постапки за разрешување на спорови
• Застапување во Судски спорови;
• Консултации и совети од специфични области на правото на Интелектуалн сопственост
• Анализа на закони и прописи во врска со области кои се однесуваат на интересите на нашите клиенти и нивните трансакции.
• Длабинска техничка и правна анлиза на технички решемија и состојба со патентна заштита
• Анализа на измените и дополнувањата на законите и прописите кои се од значење за корисниците и авторите
* Застапниците на Берин се единствените кои биле вклучени во расправи пред судот на Европскиот патентен завод (EPO), застапувајќи и бранејќи патентни спецификации од повеќе области и во име на значајни компании од регионот и пошироко.
ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН
ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН е право од индустриска сопственост кое се однесува на специфичен изглед или форма на на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или комбинација истите што ги задоволува условите на новост и особеност во однос на оние кои предходно и биле познати на јавноста. Индустрискиот дизајн претставува право кое на производите за кои е наменет им дава определен визуелен, естетски, ергономски, практичен или наменски квалитет кој ги разликува од пстанатите производи кои се присутни на пазарот.
Агенцијата БЕРИН во делот на регистрација и заштита на индустриските дизајни ги нуди следните услуги:
[При водење на управни постапки]
Пребарување, во меѓународните и домашните бази;
Регистрација на индустриски дизајн , во сите земји од регионот;
Меѓународна регистрација на индустриски дизајни;
Следење на пазарот и официјални публикации;
Консултативни услуги , поврзани со заштитата на индустриски дизајн;
Приговори, поднесување и одговарање;
Провизорни одбивања,-одговарање и поднесување на предлози;
Поништувања,
Постапки за промена во регистри,-( договори за пренос, промена на назив и адреса);
Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на трговски марки
[При судска заштита и спроведување]
Судски спорови;,
Медијација:, постапки за разрешување на спорови;
Барања за царински мерки;,
Инспекциски увид: увид и преземање мерки ;
[Останати услуги]
Следење на пазарот и официјални публикации;
Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН® доо е меѓународно активна компанија основана во 1992 год. На почеток компанијата пружа услуги претежно на домашни фирми, а со текот на времето серазви во водечка компанија во областа на заштитата на интелектуалната сопственост (ИС) во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.
БЕРИН® е специјализирана фирма, којашто застапува или советува поединци и компании во постапките за поднесување на пријави и одржување на патенти за пронајдоци, индустриски дизајн, трговски марки, авторски и сродни права, трансфер на права од интелектуална сопственост, трансфер на технологија, франшизи, know-how или лиценцирање во Македонија, Југоисточна Европа, Европска Унија и во 38те земји членки на Европската патентна организација (ЕПО). Исто така, таа пружа и услуги за своите деловни партнери при решавање на судски спорови, спогодување, медијација, арбитража и советување во областа на правата на ИС.
БЕРИН® пружа услуги при исплата на авторски хонорари на автори од сите области на ИС.
Во БЕРИН® работат експерти од најразлични профили, инженери од различни области на техниката, како и правници, македонски и европски патентни застапници. Секој вработен говори, покрај мајчиниот и англискиот, барем уште еден јазик, којшто се зборува во Европа. БЕРИН® работи споредвостановен ИСО 9001 систем за ефективен и ефикасен начин на извршување и следење на процесот на заштита на патентите, индустрискиот дизајн, трговските марки и авторските права воведен и контролиран од TÜV Rheinland со што се обезбедува оптимална заштита на правата од ИС на деловниот партнер.
БЕРИН® денес е симбол за посветена и успешна услуга извршена во интерес на на деловните партнери. Обезбедениот континуиран растеж е доказ и гаранција за квалитетот и професионалноста на услугите за нашите клиенти и колеги низ светот.
Листата на домашни и странски деловни партнери на БЕРИН® постојано се продолжува, вклучувајќи и големи европски, американски и азиски компании. Многу од тие фирми се застапувани од БЕРИН® на регионална основа за Југоисточна Европа и Европа во целост.
БЕРИН® е подготвена за сорабока во областа на ИС со застапници и компании од целиот свет. Тој што сака да соработува само треба да го допре знакот за контактирање.
1992 : Основање Ѓорѓи Филипов решава да поведе постапка за формирање на компанија
1993 : Регистрација Одлука за основање на Претпријатие за маркетинг, истражување и развој БEРИН доо-Скопје
1993 : Патенти ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВАТА ПРИЈАВА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ПАТЕНТ
1994 : Партнерство Како содружник во друштвото се впишува Лилјана Марковска/Филипова
1994 : Први пријави за индустриски дизајн и трговска марка ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВИТЕ ПРИЈАВИ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН И РЕГИСТРАЦИЈА НА ТРГОВСКА МАРКА
1995 : Прва PCT пријава Поднесување на прва меѓународна пријава на патент на пронаоѓач од Република Македонија согласно ДСП (Договор за Проширување на Патенти)
1996 : Промоција на пронајдоци Настап на меѓународен саем за пронајдоци и освојување на Гранд При Еурека 1996
1997 : Meѓународнa заштита на трговски марки: Прва пријава поднесена според Мадридскиот аранжман за меѓународна регистрација на Трговски Марки
2001 : Меѓународна заштита на индустриски дизајн Прва пријава пред СОИС(WIPO) според Хашкиот аранжман за регистрација на индустриски дизајни
2004 : EPO Застапување Почеток на застапување пред Европскиот патентен завод
2005 : Застапување пред OHIM Почеток на застапување пред OHIM
2009 : Стручно застапување во Судски постапки Прва пресуда на Македонскиот суд во Судски спор за повреда на патент на лек
2010 : Сертификација Имплементиран и сертифициран систем за менаџмент со квалитет ISO 9001: 2008
2012 : Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен- посетен од заменик директорот на ЕПО г-дин Жељко Топиќ
2014 : Проширување Основање на Berin International GmbH во Виена Австрија
2015 : Софтвер Воведување (Paperless) целосно електронско администрирање на постапките
2016 : Прв македонски патент во EPO Прв Македонски Патент признаен во Европска патентна организација
Следните одредби, термини и услови се однесуваат на користењето на официјалниот сајт на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, Македонија (www.berin.mk). Ние го задржуваме правото на повремени измени или ажурирање на овие Услови за користење во зависност од потребите. Со користење на нашата веб страна, Вие се согласувате на обврзување со Условите за користење во нивната последна верзија објавени на веб страната.
Содржина
Содржината на оваа веб страна може да е сочинета од информации и/или материјали, вклучувајќи вести, мислења и статии објавени на нашата веб-страница, кои се наменети само за информативни цели во областа на индустриската сопственост. Содржината не секогаш ќе претставува став, ниту правен совет на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, па затоа посетителите на веб страната за своите потреби и интереси, а во врска со содржината н веб страната, се охрабруваат да се консулитраат со стручни лица.
Авторски права
Сите права во веб-страница и содржината се задржани. Можете да пристапите, користење, репродукција и редистрибуираат било кој сегмент на содржина за Ваша некомерцијална употреба, под услов нашите авторски права да не бидат повредени. Потребен е изречна писмена дозвола за употреба на кој било дел од содржината за какви било други цели.
Линкови на трети страни
Нашата веб-страница може да содржи линкови до веб страни на трети лица. Немаме никаква контрола над веб страните на трети лица и не сме одговорни за нивната содржина, квалитет, веродостојност или нивната употреба. Ниту една од содржините кои се објавуваат на веб-страните на трети лица е привилегиран или доверлив. Оваа веб страна, нејзината содржина, како и било која трета страна врски се обезбедени "како што е".
Ограничување на одговорноста
Со поврзување до веб-сајт или веб страница на трети лица, не значи дека Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје одобрува таков веб-сајт или веб страница. Вие сте одговорни за преземање на мерки на претпазливост кои се потребни да се заштитите себе си и вашиот компјутерски систем од вируси други штетни или деструктивни содржини. Се оградуваме од секаква одговорност за било каква штета би можела да произлезе од вашата употреба на веб-сајтови и веб страни на трети лица. Не одговараме за квалитет, веродостојноста, комплетноста и/или точноста на дополнителни факти, неочекувани случувања или донесувањето на нови закони кои се дел од содржината на трети страни.
Заштита на податоци
Ние не собираме или обработка на лични податоци преку нашата веб страница.
Применливо право и надлежност
Овој веб-сајт, содржината и овие Услови на употреба се регулирани со македонското законодавство. Сите спорови кои произлегуваат од користење на нашата веб-страница, содржината или во врска со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и нивната важност, толкување и примена се доставува за решавање во надлежниот суд во Скопје.
Импресум
Главна канцеларија:
Друштво за интелектуална сопственост Берин ДOO, Скопје
бул. Кочо Рацин бр.14/1-1, 1000 Скопје, Северна Македонија
Телефон: +389 (0) 2-3130-367, Факс: 389 (0) 2-3130-398
Матичен број : 4570138 , www.crm.com.mk
Е-пошта: berin@berin.mk
Правни напомени :
Друштво за интелектуална сопственост Берин ДОО, Скопје е застапник за интелектуална сопственост во Република Северна Македонија и овластен патентен застапник пред Европскиот Патентен Завод (EPO) , како и член на Здружението на претставници за индустриска сопственост (патенти и трговски марки) на Северна Македонија и меѓународните организации EPI, FICPI, INTA и MARQUES. Компанија која е сертифицирана за управување со квалитет според ТУВ Рајланд, Германија(TÜV , а согласно ISO: 9001, со број на сертификат ID: 9105059285. Професионалните норми на кои се заснова работата се определени со македонските закони за интелектуална сопственост (Закон за индустриска сопственост и Закон за авторското право и сродните права), професионалните стандарди на ЕПИ(Европскиот патентен институт-EPI) (достапни на: www.patentepi.org) и професионалниот кодекс на FICPI (достапен на: www.ficpi.org).
Преставништво:
Berin International GmbH
Jurekgasse 1/1/11, A-1150 Wien, Österreich
Телефон: +43 (0)1 8922960, Факс: +43 (0)1 8922960
Број на регистрација: FN 424569 Т, Трговски суд Виена
Даночен број: ATU70035838
Е-пошта: office@berin-ip.com
Правни напомени :
Берин Интернационал ГНМХ (Berin International GmbH) се европски патентни застапници и консултанти за интелектуална сопственост и трансфер на технологија за Југоисточна Европа. Членуваат во EPI, FICPI, INTA и MARQUES. Тие се предмет на професионалните стандарди на ЕПИ (достапни на: www.patentepi.com) и професионалните стандарди на FICPI (достапни на: www.ficpi.org).